Во мугрите на првата светска војна, во градината каде штотуку процутила љубовта, една девојка мора да донесе судбоносна одлука...
Додека над Британија се надвиснуваат бурните облаци на Првата светска војна, Корделија бара прибежиште во големата градина на семејниот имот. Таму го среќава Ајзак, згоден, млад пејзажен архитект, кој од неодамна го одржува имотот. Тој е непосреден, пријатен и познава се што расте во градината. Нема да помине многу време кога на Корделија ќе и биде возвратена љубовта. Колку што е нивната врска забранета, толку не и прилега на девојка како Корделија да ја копа земјата, но таа е љубопитна и Ајзак скришно ја учи на тајните на градинарството.
Кога Ајзак ќе биде повикан во војска, Корделија ја презема грижата за прекрасната градина. Таа желно ги очекува писмата од младиот човек од европските боишта, секогаш исполнети со надеж за заедничка иднина. Но, повеќе не пристигнуваат пораки. Корделија мора да се соочи со најлошото и сама да ги преземе својата судбина и судбината на нивната сакана градина.
Слични продукти
Ловејќи го ветрот
Што се случи со Брижит Бертхолд?Тоа прашање го прогонува Даниел Витез уште од неговата тринаесетта г..
450 ден
Врати се кон животот
Романот по кој е снимена хит серијата "Истанбулската невеста."Необичната животна приказна на Ала – д..
600 ден
Првата кралица
Во земја каде што мажите носат превез, една жена го прекрива својот идентитет – се преправа во маж.К..
469 ден
Девојките од платната
Овој возбудлив роман е сместен во бел епок, париското златно време на убавината и бонвиваните, апсин..
480 ден
Ознаки: zagubenite pisma, lorna kuk

