Исчезнатото момче е пронајдено во шумата кога веќе сите ја изгубиле надежта. Николин има дванаесет години и изгледа дека е добро: некој го хранел, облекувал, се грижел за него. Но не е можно да се открие кој, бидејќи Нико не зборува. Неговата свест е како куќа во тотален мрак, во којашто, наизглед, е невозможно да се влезе.

Единствениот кој може да допре до него е детскиот психолог Пјетро Гербер. Најдобриот хипнотизер во Фиренца е повикан да го истражи умот на Ник и да ја открие неговата приказна. И иако изгледа невозможно, тој успева во тоа: препознава чкрапало - движење, комбинација на зборови - коешто придвижува нешто во момчето. Но, кога Нико почнува да ја раскажува својата приказна, Пјетро Гарбер сфаќа дека отворил врата на заборавена соба. Соба во којашто се крие нешто злокобно. На хипнотизерот му е јасно дека нема многу време за да го спаси Нико бидејќи наскоро запаѓа во опасна замка на шума од илузии и измами. Гласот на момчето под хипноза е гласот на детето.

Но, приказната - приказната не е негова...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Куќа без спомени

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Донато Каризи
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 472 ден


Слични продукти

Крвава месечина

Колку чини еден човечки живот? На што сè се луѓето подготвени за да се ослободат од некој?Три жртви ..

Автор:

440 ден 550 ден

Убиј го таткото

Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…Данте Торе поминал единаесет г..

Автор:

416 ден 520 ден

Оки железо за магичното сечило

Митот стана реалност – по стотици, ако не и илјадници години, по земјата чекори човек кој ги поседув..

Автор:

440 ден 550 ден

Свети ереси

Рајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката ..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: kukja bez spomeni, donato karizi