Емоционална драма што се чита во еден здив.
Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.
Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот... што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.
„Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“ - Киркус ривју
„Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“ - Вог
Прекрасен свету, каде си
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Сали Руни
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Експериментот Вистинска љубов
Не се плашете од љубовта, прифатете ја и таа ќе ве направи среќни.Фелисити „Физи“ Чен е целосно..
368 ден 490 ден
Шумот на времето
Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се..
259 ден 370 ден
Спротивни светови
Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..
413 ден 550 ден
Ознаки: prekrasen svetu kade si, sali runi
