"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.
Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.
Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, "Кога свињите ќе полетаат" е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.
Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марк Блејк
- Достапност: На залиха
- 800 ден
-
560 ден
-
- 1 или повеќе 560 ден
Слични продукти
Бесконечно: Анатомија на страста
Лирски звук, со нежност и малку страст, со патриотски призвук и многу љубов.„Добре дојде во мојот хр..
175 ден 250 ден
Преобразба
Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената с..
245 ден 350 ден
Порој од пепел
"И по оваа војна сме живи.Да го обновиме тлото повтормораме ние – смртници диви,да го уништиме секој..
105 ден 150 ден
Ознаки: pink flojd, koga svinjite kje poletaat, mark blejk
