Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва.
Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.
Сребрениот куфер
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Тери Тод
- Достапност: На залиха
- 480 ден
-
384 ден
-
- 1 или повеќе 384 ден
Слични продукти
(Не)откриената тајна
Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?Животот на Џи..
368 ден 490 ден
Госпоѓица Шанел
Роман исполнет со драма, страст, трагедија и убавина, кој неверојатно го опишува животот на познатат..
443 ден 590 ден
Ознаки: srebreniot kufer, teri tod
