Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.

Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.

Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.

„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кревки нешта

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Сузан Мајснер
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 440 ден


  • 1 или повеќе 440 ден

Слични продукти

Изгубената ќерка

Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..

Автор:

392 ден 490 ден

Пилешка супа за душа

Во оваа книга авторите се потрудиле да ги соберат најинспиративните приказни од животот за секојднев..

Автор:

353 ден 470 ден

Вкусот на гревот

Храбра, провокативна и вистинита до последниот збор, исповеста на главниот лик на романот е возбудли..

Автор:

293 ден 390 ден

Диви црешни

Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично семејст..

Автор:

273 ден 390 ден

Ознаки: krevki nesta, suzan majsner