Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен во родната Виена за да закрепне. Прогонуван од траумите на војувањето, Феит ќе се обиде да го спаси сопствениот живот во Месечево Езеро, мало идилично место во австриската провинција. Но, војната наоѓа начини како да се пробие дури и во најмирните места на светот и да допре до срцата дури и на најмирните луѓе.
„Под Змејската Карпа“ е воен роман заснован на историски факти и на архивски материјали кои авторот вешто и успешно ги преточува во фикција. Гајгер ѝ дава уникатност на оваа приказна за Втората светска војна така што ја раскажува од перспектива на еден припадник на германската војска кој искрено се надева дека неговата страна ќе биде губитник во војната.
„’Под Змејската Карпа’ е антивоен роман сместен во љубовна приказна… тоа е импресивна и суптилна приказна која зборува за нежноста и за топлината додека светот се распаѓа.“ - Шпигел“
„Книга за потрагата по еден изгубен свет, по еден изгубен дом и по еден изгубен лик. Но, истовремено и книга за откривањето на љубовта таму каде што се чини дека е невозможно да биде пронајдена.“ - Велт
Под Змејската Карпа
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Арно Гајгер
- Достапност: На залиха
- 540 ден
-
378 ден
-
- 1 или повеќе 378 ден
Слични продукти
Новиот сопруг
Тоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…Кога нејзиниот сопруг исчезнува ,..
338 ден 450 ден
Земја на номадите
Откако цел живот се обидувале да го достигнат американскиот сон, дошле до заклучок дека сето то..
368 ден 490 ден
Ознаки: pod zmejskata karpa, arno gajger
