Деветгодишната Пампа Кампана прерано ќе се соочи со ужасната суровост на војната и со тежината на загубата, но траумата што ја доживува ќе ја доведе во чудесен допир со божицата која го носи истото име како неа. Во следните двесте и педесет години Пампа целосно ќе ја промени историјата на својата земја, создавајќи го легендарниот Град на победата во кој ќе ја зачне најмоќната индиска империја.
Замислен како современа преработка на древен еп, „Градот на победата“ е триумфално дело на еден од најдобрите раскажувачи во светот, Салман Ружди. Историјата во овој роман е само заднина врз која се истражуваат личните таги, интимните радости и скриените стравови. „Градот на победата“ е историски роман за надминувањето на историјата и за победата над траумите, бидејќи зборовите се единствениот победник.
„Спонтаната и незадржлива сила на раскажувањето во ‘Градот на победата’ уште еднаш докажува зошто делата на Салман Ружди секогаш ќе бидат значајни.“ - Њујорк Тајмс
„’Градот на победата’ е роман инспириран од митологијата и од древните епови, напишан како бајка што зачудува, но истовремено и јасно упатува на нашиот современ свет.“ - Тајм
Градот на победата
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Салман Ружди
- Достапност: На залиха
- 660 ден
-
462 ден
-
- 1 или повеќе 462 ден
Слични продукти
Те нема никаде
Изабела Месини се пријавува за болничарка на Црвениот крст со цел да побегне од куќата на мајка си. ..
338 ден 450 ден
Вагонот со сираци
Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора с..
360 ден 450 ден
Линија помеѓу две неба
Моќно создадена книга, во која ќе се допрат луѓето и ѕвездите и случајно ќе се измешаат неколку судб..
263 ден 350 ден
Ознаки: gradot na pobedata, salman ruzdi
