Кога еден војник со бурно минато и надежна композиторка се согласуваат да стапат во брак поради воените бенефити, ниту еден од нив не очекува многу од другиот по кажувањето „Да“. Тогаш ги снаоѓа трагедија, а границата помеѓу реалното и лажното почнува да се заматува во оваа итра и возбудлива романса, совршена за фановите на Николас Спаркс и Џоџо Мојес.

Кеси Салазар и Лук Мороу се две сосема различни личности. Остроумната Кеси навечер работи во бар во Остин, Тексас за да скрпи крај со крај додека цели кон сонот да стане пејачка/композиторка. Лук тренира во војската, назначен е да замине на должност, и наоѓа утеха во суровата дисциплина во службата. Но, една случајна средба во барот на Кеси го менува текот на нивните животи.

Кеси има мака да ги отплати медицинските сметки откако ѝ дијагностицираа дијабет. Кога наидува на својот стар пријател Френки, кој сега е пријавен во војската, таа му нуди договор: ќе се омажи со него во замена за подобро здравствено осигурување, а тие ќе можат да ги поделат парите што доаѓаат како придобивка од имањето „семејство“. Кога Френки ја одбива, неговиот привлечен, но иритантен пријател Лук се пријавува како доброволец да се ожени со Кеси. Она што таа не го знае е дека и тој има очајни причини поради кои сака да стапи во брак. Во оваа незаборавна љубовна приказна, Кеси и Лук мора да ги тргнат настрана нивните различности со цел нивниот брак да изгледа вистински. Освен, ако некаде попат, не се претвори во вистински...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Пурпурни срца

  • Издавачка куќа: Читај книга
  • Автор: Тес Вејкфилд
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 113 ден

Слични продукти

Беспрекорно

Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во нево..

Автор:

390 ден 520 ден

Понуда од џентлмен

Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?Софи Бекет е незаконска ќерка на г..

Автор:

338 ден 450 ден

Вистинскиот за мене

Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..

Автор:

315 ден 420 ден

Божиќен камп

Убавата мразачка на Божиќ е решена по секоја цена да ја добие работата од соништата, макар и да мора..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: purpurni srca, tes vejkfild