Ако со јазикот луѓето ги прикриваат своите мисли, целта на гестовите е да ги откријат. Кога не сте сигурни дали му се допаѓате некому, обрнете внимание на говорот на неговото тело – тој честопати зборува погласно од зборовите.
Овој фасцинантен Речник на говорот на телото е практичен водич за брзо читање на луѓето според нивните изрази и гестови, кој може да ви послужи во сите околности, од деловните средини до романтичните врски.
Како поранешен агент на ФБИ и признат експерт за невербална комуникација, Џо Наваро го збогатува својот бестселер Што кажува секое тело откривајќи ни над 400 основни показатели за говорот на телото и стотици дополнителни однесувања. Движејќи се од главата кон стапалата, Наваро ги објаснува скриените значења на многуте свесни и потсвесни работи што ги правиме со нашите тела и нè учи:
- да откриеме нечии чувства според движењето и ширењето на зениците
- дали соговорникот се плаши или лаже според она што го прави со усните
- што значат различни начини на поставување и вкрстување на рацете или на нозете и стапалата
- што открива положбата на нашите палци кога стоиме...
Со овие сознанијата ќе можете да ги читате вистинските намери на луѓето, но и да пренесувате пораки преку своето тело. Преполна со практични примери од богатата кариера на Наваро, оваа брилијантна книга ви дава нова перспектива за светот и за односите со луѓето. Искористете ги нејзините совети за да изградите самоуверен, успешен и среќен живот во кој можете да уживате.
Речник на говорот на телото
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џо Наваро
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Денот – твој пријател
Секој ден нуди изобилство од можности – тие да се препознаат и да се забележат значи вистински да се..
210 ден 300 ден
Инспиративна вистина
Книга за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат. Луѓето пишуваат ..
263 ден 350 ден
Будење на свеста
„Будење на свеста“ е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична..
300 ден 400 ден
Што кажува секое тело
Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навис..
300 ден 400 ден
Ознаки: recnik na govorot na teloto, navaro
