Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...


Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки... сѐ до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!


Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но, брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи... А, и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.


Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Токио засекогаш

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Емико Џин
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 368 ден


  • 1 или повеќе 368 ден

Слични продукти

Една зима во Њујорк

Има ли подобро место да се започне нов живот отколку во волшебниот Њујорк?Ирис пристигна во градот о..

Автор:

323 ден 430 ден

Премногу

Љубовта е чудна. Доаѓа од нигде-никаде. Таа е чиста емоција и страст. Емоцијата и страста може да би..

Автор:

329 ден 470 ден

Ајде погледни ме сега

Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“. Но, кога ќе остане без р..

Автор:

315 ден 420 ден

Остани со мене

Кога прочуената авторка на библиски студии Џеневив Вудворд добива анонимно писмо за минатото на свои..

Автор:

385 ден 550 ден

Ознаки: tokio zasekogas, emiko djin