Политика за приватност


Со политиката за приватност, ќе ви појасниме како и каде ги чуваме личните податоци на сите потрошувачи, кои се регистирани на нашиот веб сајт. Оваа политика за приватност се однесува исклучиво за www.bookland.mk 

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот и кои потрошувачот доброволно ќе ги употреби при регистрација на нашиот веб сајт. Информациите кои ни се потребни при регистрација на сајтот и при нарачување на одреден производ: име и презиме, адреса за испорака, е-маил адреса, телефонски број за контакт и сл. се употребуваат за потребите за испорака, реализација на плаќањето, како и да ви овозможи да ги оценувате и коментирате производите на веб сајтот.

Исто така сакаме да ве информираме дека прибирањето на лични податоци на веб сајтот е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. 

Букленд ДОО се обврзува дека нема да ги злоупотребува личните податоци внесени на овој сајт, ќе се обиде максимално да ги заштити и ќе ги евидентира само основните потребни податоци. Вашите лични податоци нема да се објавуваат или доставуваат на трети лица, освен ако бидат дадени на користење на надлежните органи или други институции, на начин определен со законските прописи на Р. Северна Македонија.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивниот родител/старател. Ние нема намерно да собираме лични податоци од малолетници, ниту пак истите ќе ги проследиме на трети лица без дозвола од родителот/старателот.

Во случај на промена на било кои лични податоци (на пр. адреса на испорака), кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен да не извести за промената, во спротивно не одговараме за каков било недостаток во поглед на испораката на нарачката.

Букленд ДОО го задржува правото да ги измени политиките за приватност и доколку има измени ќе бидат овде јавно објавени.